| четврток, 6 декември 2018 |

Руската војска ги покажа својата воена моќ и новиот арсенал (ВИДЕО)

На Црвениот плоштад во Москва се одржа воена парада по повод победата во Втората светска војна, на која учествуваа околу 11.000 војници, тенкови, воени авиони и ракетни фрлачи. На парадата, која ја отвори министерот за одбрана Сергеј Шојгу, присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев, како и илјада воени ветерани.

parada

Русија секоја година ја слави победата во Втората светска војна на 9 мај бидејќи капитулацијата е потпишана на 8 мај во Берлин, што по московско време било 9 мај.

Како што наведува агенцијата „Франс прес“, овој настан, преку кој Русија ја покажува својата обновена воена моќ со ракетни фрлачи, тенкови и тешки бомбардери, оваа година има уште поголемо значење за Кремљ кој се спротивставува на Западот околу Украина.

putin-parada-500

Путин во своето кратко обраќање пред почетокот на парадата не ја спомена ситуацијата со Украина, туку беше сконцентриран на историското значење на победата над нацистичка Германија.

Рускиот претседател, обраќајки им се на војниците и на поранешните борци од Втората светска војна, ја поздрави „триумфалната сила на патриотизмот“ и истакна дека тогаш посебно се чувствува „што значи да се биде посветен на татковината и колку е важно да се бранат своите интереси“.

Околу 11.000 војници маршираа на Црвениот плоштад низ звуците на патриотски песни. Во парадата учествуваа околу 150 воени возила и 69 борбени авиони и хеликоптери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top