| четврток, 6 декември 2018 |

Десет работи што треба да ги има секоја жена на триесетгодишна возраст

Станува збор за класични и безвременски парчиња, кои никогаш не излегуваат од мода

Дваесеттите години се одлични години за експериментирање кога станува збор за модата. Сепак, триесеттите се малку посериозни години, во кои треба да знаеме кои сме и што сакаме од животот.

Ако говориме за мода, тогаш секоја модно освестена жена во своите триесетти години треба да има важни, клучни парчиња облека, кои ќе ја изразат нејзината посебност. Кои се десетте работи што треба да ги има секоја жена што зачекорила во четвртата деценија од животот? Станува збор за класични и за безвременски парчиња, кои никогаш не излегуваат од мода.

 

Женствен деловен костум

Без разлика дали се занимавате со сериозна деловна работа или, пак, работите нешто креативно, на секоја жена ѝ е потребен класичен женствен деловен костум, најдобро во црна боја. Тој може да се носи на состаноци, интервјуа и за сите други пригоди во кои е потребно да се изгледа професионално и шик.

Atraktivno87-1

Класични чевли

Без разлика дали сте девојка што постојано носи чевли со високи потпетици или, пак, уживате во удобноста на омилените балетанки, во својот орман, секако, мора да имате квалитетни и впечатливи чевли, кои добро одговараат со секоја модна комбинација.

 

Atraktivno87-2Рачен часовник

Безвременски рачен часовник е моден додаток во кој секогаш е исплатливо да се инвестира и секоја жена во триесеттите години треба да го има.

 

Atraktivno87-3Црвен кармин

Жена со црвен кармин на усните е секогаш забележлива и впечатлива. Не мора да го носите секој ден, но сосема е доволно во вашиот несесер да има барем еден кармин во класична црвена боја за посебни моменти во кои сакате да изгледате елегантно и софистицирано.

 

Atraktivno87-4Омилено цвеќе

Како некој симпатија или деловен соработник што сака само да ви се заблагодари за завршената работа ќе знае да ви прати цвеќиња, ако немате омилен цвет? Жената на триесетгодишна возраст мора да има свој омилен цвет. Ако уште немате омилен цвет, тогаш сега е најдобро време да го пронајдете.

 

Atraktivno87-5Класичен мантил

Потребен ви е класичен мантил, кој може да го носите во сите пригоди, и вреди да се инвестира во него. Најдобро е да биде во неутрална боја.

 

Atraktivno87-6Накит што постојано го носите

Сигурно се сеќавате на Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“ и нејзиното омилено синџирче на кое беше испишано нејзиното име. Без разлика дали станува збор за алки, прстен, обетки или нешто сосема друго, би требало да имате накит што секогаш го носите.

 

Atraktivno87-7Парфем

Веруваме дека веќе имате свој омилен парфем, но ако уште не сте решиле кој е вашиот мирис, тргнете во потрага по парфемот што ќе ја истакне вашата посебност.

 

Atraktivno87-8Чанта

Ако сте во триесеттите години, секако, во својот орман имате многу чанти, но само една би требало да биде таа вистинската. Станува збор за модно парче што може да ја спаси секоја модна комбинација. Ако уште немате таква чанта, тогаш инвестирајте во чанта што не е трендовска.

 

Atraktivno87-9

Уметнички дела

Без разлика дали станува збор за фотографија што многу ја сакате и ви е посебно драга или, пак, за уметничко дело, во својот стан треба да имате едно дело што посебно го сакате и кое секогаш кога ќе го погледнете ве чини среќни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top