Навивачот на „Сити парк бојс“, 26-годишниот Д.Д. од Скопје беше приведен во полициската станица во Центар, откако завчера вечер, околу 20 часот, на почетокот на второто полувреме од кошаркарскиот натпревар помеѓу Работнички и Куманово, во салата на Работнички во скопскиот градски парк, недозволено влегол во спортскиот терен.
На истиот му е даден платен налог од Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските натпревари.
СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на настанот, а против учесниците ќе преземе соодветни законски мерки, откако во третата четвртина од натпреварот, играчите и тренерите го наруја јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка, по што натпреварот беше прекинат околу 45 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


