| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров бара итен прекин на воената акција во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров побара моментален прекин на насилството од страна на Киев против народот во Украина.

Лавров во денешниот телефонски разговор со францускито министер за надворешни работи Лорен Фабиус апелираше за национален дијалог со цел да се донесат праведни уставни кои ќе ги уважат интересите на сите политички сили и региони во Украина.

– Во спротивно претседателскиот избори во Украина закажани за 25 мај ќе бидат безмислени, посочи Лавров.

Русија е против одржување на претседателски избори во Украина во атмосфера на немири и смета дека официјален Киев мора да се осврне на незадоволството на рускиот народ во источните украински градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top