
В сабота, 10 мај, во 20 часот во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија е закажана промоцијата на албумот „Електрокултура“ на Владимир Муратовски-Диво.
„Електрокултура“ е соло-проект зад кој стои Владимир Муратовски-Диво – панкер, социјален поет од скопскиот асфалт и неуморен хроничар на македонската андергрануд сцена речиси три децении.
Во 1992 година со помош на неговиот пријател Зoран Трпков во домашни услови го снима албумот „Мировна порака“, кој во изминативе две децении останува една од најдобро чуваните тајни на македонската музичка сцена. Повеќе од две децении подоцна, на 24 ноември 2013 година на брановите на „Канал 103“, конечно, ќе се случи и неговиот прв соло-концерт.
На албумот се наоѓа радиоконцертот на „Електрокултура“, снимен во емисијата „Ако никој не свири“ на „Канал 103“ одржан на 24 ноември 2013 година. Физичките изданија (во ограничен тираж) го содржат и албумот „Мировна порака“, снимен во 1992 година.
Изданието ќе биде достапно на цеде, аудиокасета, како и за дигитално преземање.
Дизајнот на изданието е на Владимир Лукаш.
Мајстор на тон на радиоконцертот е Ненад Тонкин, додека мастерингот го работеше Зоран Тевдовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


