Извештајот го покажува напредокот на земјите не само според развојот на информатички и комуникациски технологии, но и според економското и социјалното влијание, а посебен акцент е ставен на силните точки и слабостите со кои се соочува една земја.
Тука детално се анализираат и предностите и ризиците од работење со големи податоци, како и користа која може да биде извлечена од јавноста и приватните организации. Извештајот е најцелосен и најавторитативен од овој тип.
Тринаесеттото издание на извештајот е објавено во време кога економиите мора да се зацврстат и да закрепнат од минатата година, а најлошата економска и финансиска криза во изминатите 80 години да ја остават зад себе, стои во извештајот.
Развиените економии мора да го задржат својот раст и да најдат нови области во кои ќе се развиваат, а младите економии кои се во развој треба да најдат начин да опстојат во турбулентниот пазар и своите иновации и потенцијали мора да ги засилат за да се носат со економскиот раст којшто го имале во минатата деценија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




