Либерално-демократската партија, која е дел од коалицијата предводена од СДСМ, сѐ уште нема донесено одлука дали ќе ја поддржи одлуката на СДСМ за неприфаќање на резултатите, односно за неприфаќање на пратеничките мандати. Иако беше најавено дека одлуката ќе биде д0несена на ИО, а потоа на ЦО во средата, на 30 април, тоа не се случило.
Еден од кандидатите за пратеникод ЛДП, Бобан Јанкоски ни изјави дека Извршниот одбор ќе заседава денеска.
-Вечерва ќе знаеме дали ќе ги прифатиме мандатите. ЛДП вечерва ќе донесе одлука по ова прашање, прво ба Извршен, па на Централен – вели Јанкоски.
На прашањето каков е неговиот став по однос на ова прашање ни изјави:
-Сакам одлуката да ја соопштам прво на Извршен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


