Во јужна Кина се урнал новоизграден мост и предизвикал 11 жртви, пренесоа американските медиуми.
Трагедијата се случила во провинцијата Гвандун.
Од под остатоците на градбата спасувачките екипи извадиле 26 лица. Пет од нив биле прогласени за мртви уште на лице место, додека во болница бие префлени уште осум лица. Од нив шестмина им подлегнале на повредите.
Мостот, што се урнал, бил изграден од жителите на неколку села. Одлуката за изградба била донесена од селските совети, но тие не ги добиле потребните дозволи за градба од надлежните органи. Заради трагедијата се уапсени три лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


