Руското Министерство за образование сака да забрани странска литература за деца која е во спротивност со руските вредности. Една од книгите за која е водена дискусија во тој контекст е популарниот детски лик „Карлсон на покривот“ од светски познатата шведска писателка за деца и млади Астрид Линдгрен, автор, меѓу другото, на прочуениот лик Пипи Долгиот Чорап.
Руското Министерство за образование смета дека Карлсон поттикнува на „непосакувани односи меѓу децата и родителите“, кои не се во согласност со рационалните ставови и вреднувања.
Астрид Линдгрен е мошне популарна во Русија, а нејзината книга за Карлсон е преведена на руски уште во времето на Советскиот Сојуз. Популарноста била толкава што Карлсон е и на поштенските марки.
Во патриотскиот бран што сега ја заплиснува Русија се бараат руски алтернативи во однос на сето она што се смета штетно странско влијание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


