| четврток, 6 декември 2018 |

Вевчанци ќе добијат Музеј на маските

VEVCANI-11

Во Вевчани ќе биде отворен Музеј на маските. Жителите на Вевчани каде се одржува традиционалниот Вевчански карневал одлучиле да направат Музеј на маски, па така многубројните посетители ќе можат да ги видат маските од василичарскиот амбиент.

Музејот ќе биде сместен во поранешната училишна зграда “ Страшо Пинџур“  во Вевчани, со површина од 2000 метри квадратни и на тоа место ќе бидат изложени традиционалните маски, кои продефилирале изминативе години на Вевчанскиот карневал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top