| четврток, 6 декември 2018 |

Aлкохолните пијалоци од денеска се продаваат до 21 часот

alkohol

Во трговските објекти во Македонија алкохолните пијалоци од денеска ќе се продаваат од 6 до 21 часот, наместо до 19 часот.

Продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци, според законските одредби, важи од 1 мај до крајот на септември. Забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи и на малолетници и понатаму останува.

Според законските одредби, за лицата кои нема да го почитуваат законот предвидени се санкции „забрана за вршење дејност“ и „парична казна до 5.000 евра“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top