| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов попушти пред демонстрантите- владата на Бугарија поднесува оставка

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов најави дека неговата влада денеска на пладне ќе поднесе оставка.

–       Власта ни ја даде народот, а денеска му ја враќаме, изјави Борисов од говорницата во парламентот по што тој и пратениците од неговата партија ја напуштиле собраниската сала.

Борисов се одлучи на ваков чекор поради десетдневните масовни протести низ цела Бугарија на кој излегоа стотици илјади Бугари против зголемувањето на цената на електричната енергија, но и против заострените мерки на штедење.

–       Направивме максимум да одговориме на барањата на демонстрантите. Од денеска нема што повеќе да се направи за да им помогнеме. Не можам да гледам крв. Секоја капка крв за нас е дамка. Јас не можам да гледам парламент ограден со ограда. Тоа не ни е цел, ниту имаме од тоа корист ако треба да се чува од народот, рекол Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top