| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ: Македонија за 10 години значителнo демократски напредува

napredok-mutonen

Специјалниот координатор на набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Кристин Мутонен посочи дека Македонија постигнува напредок во демократијата веќе 10 години.

-Сакам да кажам дека оваа земја оствари значителен демократски напредок во последниве 10 години, во контекст на постојаната и постапна меѓународна интеграција. Овој процес на демократски реформи, се уште не е завршен и мора да продолжи- истакна Мутонен.

Генералнaта оценка на ОБСЕ/ОДИХР е дека изборниот ден беше спроведен на непречен и професионален начин, со само некои технички нерегуларности. Избирачките одбори демонстрирале добро познавање на процедурите за гласање, а кандидатите имале можност непречено да ја водат изборната кампања, додека слободите на собирање и здржување биле почитувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top