Дваесетгодишна девојка од тетовско Јажинце била застрелана од нејзиниот дваесет и шест годишен љубовник од селото Џепчиште нешто пред 16 часот на паркингот пред супермаркетот Веро во Тетово. 26 годишниот С.Х. и пришол на дваесетгодишната Р.Д која била во друштво со своја пријателка и од пиштол испукал два куршуми кои ја погодиле несреќната девојка во плешката. Таа веднаш била префрлена во тетовската клиничка болница каде како итен случај поради загубената поголема количина крв но вон животна опасност била препратена на скопските клиники. Сторителот со автомобил веднаш по настанот се упатил кон Скопје каде неофицијално се обидел да се самоубие но бил спречен во тоа од страна на полицијата која го пронашла и пиштол со кој пукал во девојката како и негово проштални писмо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


