| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Израел ризикува да стане „држава на апартхејдот“

keriАмериканскиот државен секретар Џон Кери на еден состанок зад затворени врати предупреди дека Израел ризикува да стане „држава на апартхејдот“, доколку пропаднат напорите, на чело со САД, за постигнување мировен договор меѓу Израел и Палестина.

Ова е првпат еден американски претставник од рангот на Кери да употреби термин „апартхејд“ во контекст на Израел, иако е само како предупредување за во иднина, пренесува денеска британскиот весник „Гардијан“.

Кери ги обвини двете страни за отсуство на напредок и рече дека неуспехот може да доведе до повторно палестинско насилство врз израелски граѓани.

Забелешките на Кери претставуваат значајна промена, бидејќи американските официјални претставници секогаш го избегнуваа зборот „апартхејд“ кога зборуваа за израелската политика, констатира „Гардијан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top