Против одлуката на Заев за бојкот на непризнавање на изборите застанаа и личности од јавниот живот и новинари блиски до опозициската СДСМ, јави телевизијата Сител.
Авторот на текстот се повикува на гостувањето на новинарот Васко Ефтов во јавниот сервис, каде истакна дека дел од членовите на социјалдемократскиот сојуз кои се на избирачките листи се противеле на одлуката на раководството на чело со Заев да ги вратата мандатите.
-Зaев е најмал проблем, зошто во оној момент коа Заев не се ставил на листи, тој веќе пратил политичка порака за тоа што очекува од овие избори. По малку некоректно, вие својата функција во Стумица , да ја правите цела партија заложник на таа функција. Бидејќи Заев два пати ја пушта низ вода својата партија. Лани кога ја уценува партијата да се оди на избори и да се прекине бојкотот и сега- изјави Ефтов.
Сител го пренесува и ставот на сопственикот на еден портал, застапник на опозицијата и кандидат на една опозициска партија, познат како Саше Политико.
-Сега треба Радмила и Заев да си дадат оставка и да го препуштат СДСМ на некој кој ќе даде повеќе отпор кон ДПМНЕ. Заев и Рада се последните кои имаат морално право да бараат бојкот затоа што токму тие го скршија претходниот бојкот на СДСМ во времето на Бране и Наташа- пренесе телевизијата дел од колумна на Саше Политико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји


