| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски: Денеска граѓаните одлучуваат за иднината на Македонија

trajko glasa

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, откако гласаше во ОУ „Мирче Ацев“, општина Ѓорче Петров, им го честиташе денот на граѓаните, денот кога, како што рече, демократијата е во нивните раце и одлучуваат за иднината на Република Македонија, кој ќе ги води во наредните четири, односно пет години за претседател.

– Како претседател на Собранието сакам да кажам дека сум задоволен за досегашниот тек на изборниот процес. Се надевам и овој ден така ќе заврши, тоа е добро за Република Македонија и за извештајот што се пишува за Република Македонија – истакна Вељаноски.

Тој им посака на избраните пратеници и избраниот претседател да продолжат со темпо со кое Република Македонија ќе се интегрира во меѓународните организации, во НАТО и ЕУ и ќе работат на економскиот просперитет на Република Македонија и на граѓаните кои, како што рече, тоа и го заслужуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top