| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Очекувам нова влада и нова надеж за Македонија

тачи

Очекувам да имаме фер и демокртаски избори во мирна атмосфера, не како што беше пред две недели на претседателските избори кога имавме катастрофална атмосфера со закани и притисоци кон гласачите, изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи, по гласањето на избирачкото место 1961/1 во Стара градинка – Тетово.

– Продолжува познатата состојба на вообичаените места, како Зајас, Осломеј и Кичево, каде што имаше обиди од нашиот политички опонент со групно и фамилијарно гласање да постигнат добар резултат, но ние засега успешно ги спречивме. Очекувам нова влада, нова надеж и добри работи за Мaкедонија – рече Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top