| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија гласа за претседател и за пратеници

izbori-glasanje

Мирно и без инциденти започна изборниот ден во Скопје.  Гласањето денеска започна во 7 часот а ќе трае до 19 часот, кога се затвораат избирачките места. Македонија излегува на двојни избори, се гласа за вториот круг од петтите претседателски и на осмите парламентарни избори.

Граѓаните што веќе излегоа на гласање очекуваат дека и овие избори ќе поминат во фер и демократска атмосвера.
Гласачките места кои се отворени од седум часот, ќе бидат затворени во 19 часот. Гласачите се обележуваат со мастило на палецот од левата рака според упатството на Државната изборна комисија, додека при гласањето на првиот круг од претседателските избори на 13 април се обележуваше десниот палец. За следење на вториот круг од претседателските  избори и предвремените парламентарни избори се акредитирани 9.952 домашни и 550 странски набљудувачи, како и 283 преведувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top