Условите кои Македонија ги создаде и бизнис-климата која ја направи е клучна за привлекување инвеститори, тие доаѓаат затоа што гледаат одлична бизнис-клима, одличен пристап од страна на Владата, наши добри презентации, голема активност да ги најдеме, детектираме и убедиме да дојдат во Македонија.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски, кој беше гостин во вестите на телевизија „Канал 5“.
Тој нагласи дека повеќе министри работат, и тоа си дава свои резултати и тоа најголемите резултати ги дава сега кога кризата почнала да попушта.
– Пред три недели две компании од Германија објавија своја инвестиција во охридско-струшкиот регион, едната со 1.000, втората со 800 вработувања. Двете ќе почнат во браунфилд инвестиција, а додека работат во постојните хали ќе градат своја фабрика во технолошко-индустриската развојна зона Охрид-Струга. Италијанската компанија за производство за машини за печатарската индустрија објави своја фабрика во близина на Скопје со директни 200 вработувања
Груевски посочи дека во Кочани, покрај тоа што се гради една холандска компанија за производство на семе за цвеќиња, ќе дојде нова партнер-компанија која ќе вработи 100 лица.
Во рамки на најавените инвестиции е и грчкиот инвеститор кој ќе отвори откупно- дистрибутивен центар за земјоделски производи во Гевгелија, каде што првично ќе инвестира 6.000 евра, што значително ќе им помогне на земјоделците во тој регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.