
После објавувањето на снимката на која според опозицијата се слуша гласот на премиерот Груевски при договарање на зделка за продажба на Македонска банка, а според владеачката партија се работи за монтажа, се огласи претседателот на СДСМ Зоран Заев кој реши повторно да го повтори ставот на неговата партија околу автентичноста на снимката:
„Значи да не се зафркавеме, снимката си е оригинал, така ни е кажал добрио граѓанин кој ни ја дадел касетата на која се слуша каков криминал се подготвува во нашата жална Македонија, како тија луѓе ја покраделе оваа наша богата земја и како ги потрошејле сите пари кои им ги оставиме во касичката шо стое на рафто во канцеларијата на гувернеро“, изјави Заев.
„Ако не излезе на нареднио митинк да ја запее „Опрости извини никад нечу више бити твој премијер“ и „Признавам не можам со тебе“ посветејна на мене, ние а особено јас што сме на чело на ние, нема да му извинејме и ќе продолжиме со објавување на изводи од банки и прес конференции на кои одлучно ќе повторувајме дека тај човек е неплатил данок, а знаејме сите кој исто не е платил данок, Ал Капоне, а знаејте ли шо е друго направил Ал Капоне? Така е дами и господа, Капоне Ал е убивал човеци и така доваѓајме до конечното сознаније на таја епизода на Највече Мистерије која оде секој ден на нашете прес конференции – кој го е убил Ченто?! Шо мислејте, кој, а? Кој го затворил Ченто на Голио Оток затоа што си ја сакал својата земја? Да каже премиеро оти ќе се налутам уште повеќе и Ден Браун ќе моле да му дадам автограм“, загадочен беше Заев.
На крајот на денешната прес конференција постави песочен часовник на 3 часа бидејќи според него премиерот Груевски имал толку фора за да излезе и да признае дека Заев е најдобар, дека земал валкани пари и дека „Бранко не бил крив кога го аболицирал Заев, а за другото не може да знаеме не сме видовити“, како што соопшти претседателот на опозиционерите.
„Ако тај човек денес се повлече од политиката, нема да го откриваме името на тај што е го предадел Ченто и де-фактор е го отепал, нема да кажејме од што му е бил голио оток на Ченто како што ми кажа мојо советник за мистерии и отоци, ќе си отстоејме на зборо. Ако премиеро се повлече нема да бидеме, да не кажам, хомосапиенси и ќе го одржеме ветувањето кое не е во нашата програма од неколку точки, али нема проблем, ќе ја наредејме работата како краставичка во тегла“, за крај рече Заев.
Времето тече, зрно по зрно. Македонија го очекува името на убиецот на Ченто. Следете нѐ и понатаму.
Кромиди Запад
*** Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


