| четврток, 6 декември 2018 |

Паркер: Не зборував со Данкан цела година

Ѕвездата на Сан Антонио, Тони Паркер изјави дека Тим Данкан не разговарал со него цела сезона кога дошол во тимот.

Паркер во НБА дојде во 2001 година. Данкан тогаш веќе беше ѕвезда во Спарс, а изјавата на Тони дека Данкан не разговарал со него првата година ги изненади сите.

– Не зборуваше со мене цела година. Беше чудно да дојдеш од Франција и да имаш соиграч кој не сака да зборува со вас. Особено беше тешко, бидејќи плејмејкерот зборува со сите и беше многу чудно. Меѓутоа како што игравме со години, се повеќе ми веруваше. Морам да кажам дека сега имаме посебен однос на теренот како и надвор од него. Поминавме низ многу тешки и добри работи – изјави Паркер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top