| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Субвенционирање на вработување на лица од ранливите категории

poposki500

– Во новата програма имаме предвидено сет на мерки за помагање на лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот – истакна денеска носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Шестата изборна единица, Никола Попоски.

Овие мерки, како што нагласи Попоски, се наменети за самохрани родители, за деца без родители, за родители на деца со посебни потреби, како и за оние кои подолг временски период се невработени како резултат на стечај или ликвидација на фирма, а се на возраст од 50 до 62 години.

Мерките, посочи, се однесуваат и на младите до 29 годишна возраст.

– За нив имаме предвидено програма да државата го субвенционира нивното вработување во рок од шест месеци со покриени трошоци за осигурување, а воедно работодавачот да има обврска да ги задржи најмалку уште 12 месеци, при што во рок од 18 месеци би можеле да работат, а и понатаму да се задржат на работа – истакна Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top