| четврток, 6 декември 2018 |

Скопски полицаец прегазен кај црквата „Св.Ѓоргија“

Синоќа после полноќ, околу 00:20 часот кај црквата „Св.Ѓорѓија“ во Скопје беше повреден полициски службеник откако бил прегазен од патничко моторно возило.

Со возилото„хонда цивик“ со скопски регистерски ознаки управувал од 26-годишниот Т.Б., чиј совозач бил Е.П.(26), и двјцата од Скопје.

Т.Б. не застанувајќи на даден знак, го прегазил униформираниот полициски службеник, при што тој се здобил со телесни повреди во пределот на левото стопало . Лицата се приведени во ПС-Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top