| четврток, 6 декември 2018 |

Општ хаос во „Император“ во Битола – гости икршиле сѐ наоколу

Синоќа околу 02:45 часот во ресторанот „Император“ во Битола , А.Г., А.Р., Ѓ.З. и едно непознато лице, се веселеле качувајќи се на една од ресторанските маси, за што биле предупредени од обезбедувањето, работениот во Агенција за обезбедување „Перфету мобиле“ В.Р.

Сепак, четворицата продолжиле со славјето, а во еден момент еден од нив го нападнал В.Р. удирајќи го во пределот на главата, додека останатите лица со столици го кршеле инвентарот, при штопредизвикале вознемиреност и страв кај останатите присутни лица.

Во настанот повреден е гостинот В.Д. од Битола.

Лицата се приведени во СВР-Битола.

Во 05:00 часот пред објектот на СВР-Битола, дошол братот на пријавениот А.г., 27-годишниот М.Г. од Битола, кој без повод и причина почнал да му се заканува на униформираниот полициски службеник, а во еден влечејќи го за службеното палто, го гризнал во пределот на раката.

Тој исто така е приведен во СВР-Битола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top