Баерн Минхен е вториот финалист во Купот на Германија, откако вчера славеа над Кајзерслаутерн со резултат 5-1. Претходно пласман во финалето обезбеди Борусија Дортмунд.
Водството на Баварците им го донесе Бастијан Швајнштајгер во 23. минута, а само девет минути покасно Тони Крос ја дуплираше предноста. Третиот гол беше дело на Томас Милер кој во 50. минута беше прецизен од белата точка. Колер во 60. минута го постигна единствениот гол за гостите, а до крајот на натпреварот во листата на стрелци се запишаа Марио Манџукич и Марио Геце.
Финалниот натпревар е закажан на 17. мај, Дортмунд ќе се борат за четвртиот трофеј, додека Баерн за 17.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Финалето на Копа Либертадорес би можело да се играат во Европа
-
Нант во финалето на ракометната Лига на шампиони
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен


