
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во февруари 2014 година е 2,3 милијарди денари што претставува зголемување за
28,4 проценти во споредба со истиот месец лани.
Според Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 77,3 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 22,2 процента.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, индустриските растенија, млекото и рибата, додека опаѓање на вредноста се забележува кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


