Уште три дена останаа до крајот на регуларниот дел во НБА-лигата, а синоќа најважниот натпревар го играше Мемфис, кој во Лос Анџелес го совлада Лејкерс со 102-90. Оваа победа на Гризлис му беше значајна во борбата за осмото место во западната конференција, која ја водат со Феникс, а вечерва во директен меч ќе одлучат кој ќе го добие посакуваното осмо место.
Гостите го добија дуелот во третата четвртина која ја добија со 17 поени разлика. Мајк Конли беше најефикасен играч на мечот со 24 поени, додека Марк Гасол уфрли 18 проследени со 15 скока.
Интересен натпревар во борбата за плејоф-позиција беше одигран и во Индијанаполис каде што се сретнаа двете екипи кои спаѓаат во групата најдобри.
Индијана очигледно излегуваат од лошата форма, а тоа синоќа го покажаа победувајќи ја Оклахома тандер со 102-97. Пејсерс, благодарение на предноста која ја направи во третата четвртина, дојде до многу важна победа.
Кај домаќините Ленс Стивенсон постигна 17 поени, 11 асистенции и 10 скока, а одличен натпревар одиграа и Дејвид Вест со 21 поен, додека Пол Џорџ натпреварот го заврши со 20 поени и 12 скока.
На другата страна, Кевин Дурант повторно беше најдобар постигнувајќи 38 поени.
Индијана сега во борбата за првото место на истокот има една победа повеќе во однос на Мајами, додека на западот Тандер остануваат втори.
Резултати: ЛА Лејкерс – Мемфис 90-102, Портланд – Голден стејт 119-117, Сакраменто – Минесота 106-103, Њујорк – Чикаго 100-89, Бруклин – Орландо 97-88, Детроит – Торонто 107-116, Индијана – Оклахома 97-102
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


