Жител на кумановско Черкеско село, со нож и пиштолнападнал жител на село Љубодраг, затоа што овој носел маскирна униформа со амблем на српската армија
СВР Куманово поднело кривична пријава заА.Д.(33) од Черкеско село, кумановско поради основано сомнение дека сторил кривично дело насилство и загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Вчера 5,20 часот, во Куманово на улица Железничка станица на бензинската пумпа „Твинс Петрол“, откако М.Н.(24) од село Љубодраг влегол во маркетот каде бил А.Д.(33), пријавениот веднаш почнал вербална расправија со М.Н., бидејќи тој на маскирната јакна носил амблем на војската на Србија, по што со нож и со пиштол му упатил закани, а при обидот на М.Н. да влезе во неговото возило, А.Д. со кундакот од пиштол удрил по возилото а потоа со ножот му го исекол амблемот. Од страна на полициските службеници пријавениот веднаш е пронајден и периведен, а врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом и пиштолот е одземен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.