Канцеларијата на Светска банка во Македонија информира дека за нов директор на оваа институција во земјава е назначена Татијана Проскурјакова. Таа на оваа позиција доаѓа од местото Советник за операции за Аргентина, Парагвај и Уругвај. Проскурјакова доаѓа во Македонија откако од оваа функција си замина Лилија Бурунчук. На должноста директор за македонија Проскурјакова ќе стапи на должност на 25 Февруари.
Кариерата Проскурјакова во Светска банка започнала во 1992, низ работа на различни позиции во централната канцеларија на банката во Вашингтон, како и во канцелариите низ светот, работејќи претежно на оперативни работи (во Европа, Централна Азија, Јужна Америка и Карибите), управување со портфолиото на Светска банка (Јужна Америка) и корпоративната стратегија (кај Потпретседателот за Операции на Светска банка). Помеѓу 2003 и 2007, Проскурјакова работела како советник на извршниот директор што ја претставувал Руската федерација во Бордот на директори на Светска банка.
Татијана Проскурјакова дипломирала на Економскиот факултет на Московскиот државен универзитет, а магистрирала во истата научна дисциплина на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Светска банка вели дека гастербајтерите праќаат сè помалку кеш во Македонија – еве зошто
-
После галопирачкиот раст на економијата претходните години, Македонија лани немала никаков раст
-
СБ прогнозира 2,7 отсто раст на глобалната економија оваа година


