| четврток, 6 декември 2018 |

Метеж на Табановце – ја скршил граничната рампа и насилно влегол во Македонија

Вчера на граничниот премин „Табановце“, поради носење поголема количина техничка стока која подлежи на царина, не му бил дозволен влез од царинската служба на патничкото моторно возило „опел вектра“ со германски национални ознаки, управувано од А.Р.(51) и неговата сопруга М.Р. од Штип како сопатник.

Пријавениот по ова ги оштетил рампата за пасошка контрола и рампата за царинска контола и се оддалечил од преминот во правец на Куманово.

Од страна на мобилна царина на наплатната рампа „Романовце“ – Куманово, пријавените се спроведени до ГП „Табановце“ за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот, за А.Р. и за М.Р. се поднесени платни налози за сторен прекршок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top