
Американската актерка Шерон Стоун (56) отишла во Сао Пауло, Бразил, да говори за важноста од пронаоѓање лек за сидата, и на крај завршила во болница. Минала една ноќ на Одделот за инфектологија.
– Можеме само да кажеме дека излезе од болница и тоа е сѐ – изјавил лекарот.
Ѕвездата на филмот „Основен инстинкт“ во 2012 година, исто така, завршила во болница. Тогаш се сомневале на мозочен удар зашто актерката тогаш говорела дека имала чести и исклучително силни главоболки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


