Младите и реализација на проекти за развој на спортот остануваат наш врвен приоритет. Токму затоа во новата програма посебно место имаат проектите за младите, развојот на спортската инфраструктура и спортот.
Ова денеска го истакна на прес-конференција Ратко Капушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Спортските успеси и меѓународните шампионати од различни спортски сектори во изминатиот периодот се корпус деликт и резултираа со неочекувани високи успеси и беа на задоволство на сите граѓани на Република Македонија.
Во следниот период ќе инвестираме во изградба на нови затворени пливачки базени. Во Охрид ќе се гради современ базен за пливање и ватерполо. Базенот ќе биде согласно нормативите на меѓународната пливачка федерација ФИНА за ватерполо натпревари со димензии 25м ширина и 33м должина.
Доколку економско-финансиските услови бидат во прилог ќе стартува и изградба на нов затворен пливачки базен во општина Крушево.
Со изградбата на спортските сали на територијата на Република Македонија се овозможи развој на спортска култура, се придонесе со квалитетен импут за подигнување на спортскиот стандард на сите оние кои што се занимаваат со спорт и спортски активности за тренажен процес и натпревари од различна категоризација во текот на целата година.
Досега се изградени 32 мултифункционални спортски сали, а реновирани и модернизирани се две спортски сали кои ги исполнуваат потребните стандарди за одржување на натпревари во кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, како и натпревари во индивидуални спортови.
Во следниот период ќе изградиме 9 нови и ќе реконструираме 2 постоечки спортски сали и тоа:
-Изградба на голема спортска сала во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј – Скопје”.
-Изградба на спортска сала во Државиот универзитет – Тетово,
– во општина Гази Баба – населба Ченто,
-Во центар:
-во Државно средно училиште за физичка култура “Методи Митевски-Брицо”
-Изградба на спортска сала во Дом за деца без родители “11-ти Октомври”
-Изградба на спортска сала во Основно училиште “Кочо Рацин”
Ќе се гради и
-мала спортска сала во Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
-спортска сала во општина Шуто Оризари и
-Изградба на спортска сала во општина Охрид
Во процес на докапитализација во фаза на реконструкција и модернизација ќе биде
-спортска сала во општина Крушево, с.Бучин.
-Реконструкција на спортска сала Гемиџии во Велес. И
-Реконструкција на спортска сала Партизан 3 во Скопје.
Во програмата на ВМРО ДПМНЕ е проектирана и реализација на проектот за изградба и опремување на фудбалски игралишта со вештачка трева.
Досега се опремени фудбалските игралишта во Ѓорче Петров и Гостивар, со што овие општини добија модерни, современи фудбалски терени опремени со вештачка трева по стандарди на ФИФА и УЕФА.
Во следниот период со вештачка трева ќе бидат опремени фудбалските игралишта во: Штип, Битола, Струмица, Прилеп, Охрид, Кратово, Велес и Тетово.
Реализацијата на овој проект се планира преку Агенцијата за млади и спорт а проектирана е изградба на нови 3 кои се на територија на општините Струга, Берово и Крушево.
Исто така во целост ќе се реализира и проектот за изградба на „120 тениски терени“
Од вкупната бројка на планирани тениски терени, досега изградени и пуштени во употреба 39 тениски терени, доколку 26 тениски терени се во фаза на изградба. А останатите 55 ќе се изградат во наредниот четиригодишен период распространети низ територијата на целата држава.
Ќе се реализира проектот „ изградба на 100 повеќенаменски маалски игралишта“
Од проектот за мултифункционални игралишта досега изградени и пуштени во употреба се 12 повеќенаменски игралишта.
Завршени и подготвени за отворање се 22 игралишта.
23 игралишта се во фаза на градба и ќе бидат реализирани во текот на 2014 година. Останатите 43 повеќенаменски игралишта ќе се изградат во нареднипт четиригодишен период распространети низ територијата на целата држава за што ќе биде издвоен буџет од 506 милиони и 500.000 денари
За развој и унапредување на младите спортисти во Република Македонија во континуитет ќе продолжиме да доделуваме стипендии на 500 млади спортисти. Со тоа потенцираме дека веруваме во младите спортисти, во нивните капацитети и врз основа на факти активно инвестираме во нивната иднина. Стипендиите се доделуваат на спортисти кои оствариле резултати на официјални државни и меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, во олимписки и параолимписки спортови.
Драги луѓе на Македонија …. ова е само мал дел од она што е содржано во нашата програма.Гаранцијата дека ќе го реализираме и она што сега го има во нашата програма се делата кои досега ги спроведовме, изградивме и се непобивни факти кои се видливи.
Општествената категорија на иднината на државата Младите се нашиот приоритет и токму затоа ветуваме реални и издржани проекти токму посветени на младите и развојот на спорот и спортската инфраструктура кои ќе бидат основа за здрав живот и уште многу големи спортски успеси кои ќе бидат големи промотери на сите нас во Европа и светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



