– Како неколку најважни проекти кои што би ги издвоил е тоа дека ќе продолжиме со промоција на Македонија како туристичка дестинација, тоа значи ќе продолжиме со интензивните рекламирања и подготовка на спотови за најпознатите светски медиуми како што е СНН, како што е Травел Ченал, како што е Еуро Њус, Еуро Спорт, како што е рускиот национален канал Мај Планет и т.н. Кај сите овие предвидено е изработка на нови спотови, некаде повторување на постоечките, но зголемен број на емитувања со цел да се испромовира државата што повеќе како туристичка дестинација, особено во земјите на Бенелукс, со компаниите Турис, со компанијата Коран Дол со кој што веќе имаме соработка за заедничко рекламирање по принципот 50-50 – додаде Пешевски.
Тој додаде дека само за оваа група предвиден е буџет од 270 илјади евра од Владата и 270 илјади евра од тие две компании кои што во весници во списанија и во неколку телевизиски емисии преку цела една рекламна кампања ќе ја промовираат Македонија како туристичка дестинација.
– Втор многу важен проект кој што даде резултати во изминатиот период и кој што имаме намера да го продолжиме тоа е проектот за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет во Република Македонија односно туроператори кои што носат поголеми групи кои што остануваат во Македонија најмалку три дена и се сместуваат во хотелски капацитет да туроператорот добие определена финансиска надокнада за дел од трошоците од страна на Владата на Република Македонија токму овој проет успеа да го заживее туризмот со земјите од Бенелукс пред се со туристите од Холандија и од Финска.Планираме овој проект да го прошириме понатаму и затоа во наредните четири години ќе издвоиме најмалку десет милиони евра, но очекуваме повеќекратно околу овие средства да бидат вратени во Република Македонија и како приходи во буџетот, но пред се како зголемен број на туристи и отворање на нови работни места – истакна Пешевски.
– Со цел да ги искористиме и нашите природни богатства имаме еден цел сет на активности за развивање на нови форми на туризам во националните паркови, имено досега нашите три најпознати национални паркови: Маврово, Галичица и Пелистер беа користени од луѓе кои беа специјализирани за поекстремен вид на туризам. Сметаме дека природните убавини во Македонија заслужуваат да бидат посетени од поголем број на посетители. Во таа насока за секој Национален Парк имаме изготвено посебен акционен план, посебна стратегија со конкретни чекори и активности. Дел од финансирањето ќе биде обезбедено од самиот национален парк, а дел од националниот буџет, а дел од проектите ќе бидат понудени на јавно приватно партнерство со цел да се формираат и нови сместувачки капацитети, нови ресторани, бунгалови и автокампови. Исто така ќе се предвидат и нови содржини како планинарски и велосипедски патеки, параглајдинг и искачување по карпи, со еден збор се она што нема да ја загрози основната функција на националниот парк, а притоа да биде достапно за туристите – укажа Пешевски.
Според него ќе се продолжи да се бараат инвеститори и проширување на туристичките развојни зони.
– Покрај досегашните локации кои се наоѓаат близина на охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, ќе формираме вакви зони и во пределот на Попова Шапка, Берово и Крушево. Во секоја од овие зони е предвидено да се привлече инвеститор кој понатаму ќе развие нов сет на содржини. Во програмата има голем број други проекти како отворање на нова сезонска авиолинија Охрид- Лондон, промовирање и развивање на програмата 50-50 преку ИПАРД за изградба на рурални сместувачки капацитети, при што 50% од средствата кои се инвестирани во вакви капацитети се враќаат преку ИПАРД фондовите, ќе финансираме бизнис идеи за туризмот креирани од студенти, ќе обезбедиме цел сет на обуки во областа на туризмот, обезбедуваме стипендии на најдобрите ученици од областа на туризмот, ќе продолжиме со проектот за туристичка сигнализација на туристички потенцијали – посочи Пешевски.
– Ќе продолжиме да ги ставаме во функција ловните и детски домови кои дел од нив подолг временски период се надвор од функција, како сместувачки капацитети, ќе бидат понудени на продажба со цел од страна на приватни инвеститори да бидат ставени во функција. Уште еден главан пункт кој ќе биде дел средната програма е развивање на скијачкиот туризам во Македонија во позасилено темпо. Тука главниот акцент ќе биде во изградба на скијачкиот центар на Попова Шапка, каде што преку неколку фази ЕЛЕМ ќе направи едно сосема ново ниво на скијачка понуда во Република Македонија. Предвидено е модернизирање на посточките и изградба на нови сместувачки капацитети, зголемување на бројот на паркинг места, изградба на систем за производство на технички снег, изградба на нови жичари и ски лифтови. Се она што е потребно за да се направи еден модерен скијачки центар.Покрај тоа ќе се изгради и скијачкиот центар на Водно овој проект ќе биде во соработка со Градот Скопје, но повторно тука АД ЕЛЕМ ќе има водечка улога. Во програмата е предвиден и скијачкиот центар Копанки во Пелистер, кој предвидуваме продолжување на скијачката сезона, изградба на систем за производство на технички снег, како и обновување на хотелот Молика – додаде Пешевски.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат уште низа на други проекти во делот на изградба на авто кампови, изработка на физибилити студии во насока на развивање на туризмот.
– Ова е најамбициозната програма до сега и ние очекуваме секторот туризам да биде извор и на економски развој и на нови работни места, бидејќи Македонија има што да покаже, македонските граѓани се покажаа како едни од најуслужливите и најгостопримливите во светот и мислам дека тоа треба да си добие соодветна валоризација и истото мора да биде подржувано од страна на Владата и затоа ВМРО-ДПМНЕ сметајќи како иден победник на овие избори и оној што ќе ја формира Владата ги понудува на граѓаните проектите од Програмата, за да знаат што ќе следи во секторот туризам – нагласи Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот



