| четврток, 6 декември 2018 |

Винарите да го исплатат ланското грозје до крајот на месецов, порачуваат од Инспекторатот

грозје 2
– Сите винарски визби да го почитуваат законскиот рок за плаќање на минатогодишниот род грозје – порача директорот на Државниот инспекторат за
земјоделство, Румен Стаменов, по синоќешната средба со лозарите и винарите во Кавадарци. Стаменов потсети на законските санкции за нередовните плаќачи.
– Исплатата на грозјето откупено лани треба да заврши до крајот на овој месец. Ги имаме предвид интересите и на лозарите и на винарите и се грижиме и за едните и за другите, бидејќи тие се составен дел на лозаровинарството. Лозарите не можат без винарите и обратно – истакна директорот.
Според него, полека се издвојуваат оние кои навреме плаќаат и поради тоа, сѐ повеќе ја добиваат довербата кај лозарите.
За производителите исплатата на грозјето сѐ уште е најголем проблем.
– Винарите треба да знаат дека од откупот на грозјето континуирано мора да вршат исплата на долговите кон лозарите и да завршат во законскиот рок што ретко се случува во практика зашто некои должат и за грозјето од пред неколку години – рече претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија“, Љупчо Аризанов.
На средбата зборуваше и менаџерот на винарската визба „Аневски“ од Штип, Ѓорѓи Бебеџако,в кој го анализираше проблемот со исплатата од двете страни, како менаџер и од аспект на лозарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top