| четврток, 6 декември 2018 |

Дом за стари лица изнајмил стриптизер за пензионерите (ВИДЕО)

Дом за стари лица од Њујорк се соочува со тужба, откако синот на една од стариците во домот кај неа пронашол слика од неа и стриптизер.

Френклин Јангблад се шокирал од фотографијата на својата 86-годишна мајка, која пати од деменција, а уште повеќе го шокирал фактот дека тоа било со дозвола на персоналот од домот, кој се гледал на сликата.

striptizer

Сето ова резултирало со повеќемилионска тужба, а старицата на судењето признала дека се чувствува посрамено, но и дека не се сеќава на сите детали од случката.

Адвокатот Џон Рај тврди дека персоналот од домот го организирале овој настан за нивна забава, зошто како што тврди тој, штитениците од домот не се ментално способни да се согласат на вакво нешто ниту пак да се одбранат од ваквите „одвратни дела“.

Френклин Јангблад тврди дека кога ја нашол фотографијата, главната сестра се обидела да му ја одземе. Од домот за стари лица велат дека стриптизерот бил дел од забавата што тие ја организирале како гест на добра волја, со цел да ги развеселат штитениците.

Но во тужбата стои дека Бернис Јангблад претрпела „емоционален стрес, душевна болка, понижување и губење на достоинството“.

Адвокатот на домот тврди дека станува збор за возрасни луѓе што сами можат да одберат како ќе се забавуваат и дека самите одбрале на забавата да има и стриптизер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top