| четврток, 6 декември 2018 |

Хмирова: Вардар е како едно големо семејство

Официјалната страница на Европската ракометна федерација (ЕХФ) им овозможува на ракометарките учеснички во Лигата на шампионите да дадат свое видување за клубот каде што играат, за успесите со тимот и за претстојниот завршен турнир во Будимпешта во женска конкуренција.

Таа можност ја искористи левиот бек на ЖРК Вардар, Татјана Хмирова, која ја поздравува идејата секој да може да си напише свој БЛОГ на веб-сајтот ЕХФ .

Rakometarki Vardar Jugoton 01 (Custom)

 

– Навистина ми се допаѓа оваа идеја на луѓето од ЕХФ, затоа што овозможуваат простор на ракометарите да напишат свој БЛОГ и мислам дека тоа е одлична можност да се биде поблиску до ракометниот аудиториум ширум светот – започна Хмирова.

– Најпрвин сакам да потенцирам дека сум особено среќна што мојата екипа се квалификува на женскиот завршен турнир и тоа ми донесе допонително уживање. За прв пат во мојата кариера сум толку блиску до трофејот во ова натпреварување. Сепак, се обидувам да не мислам премногу на натпреварите во Будимпешта и се обидувам паузата од натпреварите во Лигата на шампионите да ја искористам за добро да се одморам.

Sport81-ZRK-Vardar-740x320-top

 

За време на ЕХФ неделата уживав додека ги следев квалификациските натпревари за пласман на ЕП во Унгарија и Хрватска. Навивав за Русија на двата меча против Македонија и се надевам дека тоа им донесе среќа на девојките кои успеаја да дојдат до две победи. Се разбира тоа и мене ми донесе само позитивни чувства.

Исто така, морам да кажам дека многу ми е жал што не можев да одам дома. Многу ми недостасуваат моите родители. Сеуште ме немаат посетено, но се надевам дека ќе бидат во можност да дојдат во Македонија што е можно побрзо.Убедена сум дека ќе им се допадне Скопје. Ова е многу сончев и топол град. Не само поради времето, туку и поради начинот на живот тука. Има многу убави места за излегување и многу позитивни луѓе по улиците. Од ден на ден овој град се повеќе се развива и тоа навистина ми се допаѓа.

Vardar rakomet zeni nov tim press  (3) (Custom)

 

Друга работа која што исто така ми се допаѓа е поврзаноста на луѓето тука со ракометот. Луѓето тука навистина го сакаат овој спорт и неверојатна е поддршката што ја добиваме од нив. Се обидувам максимално да го искористам слободното време и понекогаш излегувам заедно со другите девојки од тимот. Често знаеме да пиеме кафе заедно, и да разговараме за некои нови интересни места тука во Скопје. Сакам да слушам секаков тип на музика, а посебно кога се возам со мојот автомобил уживам да слушам гласна музика. Исто така, мора да споменам дека учам македонски јазик, а тоа е дополнителен предизвик за мене.

Rakometarki Vardar Jugoton 05 (Custom)

 

Да се вратиме повторно на темата поврзана со завршниот турнир. Сега сите ракометарки се враќаат во Скопје и започнуваме со подготовките за Будимпешта. Навистина ми се допаѓа овој тим, во кој има секогаш позитивна енергија меѓу нас, немаме никакви проблеми да се разбереме на теренот, иако доаѓаме од различни држави. Јас сакам да поминувам повеќе време со моите колешки од екипата, како на теренот така и надвор од него.  Тоа не прави да се чуствуваме многу блиски, односно како едно големо семејство. Ние сме млада екипа која што има голем потенцијал и мислам дека ќе го докажеме тоа, и од година во година ќе бидеме се посилни.

Rakometarki Vardar Jugoton 03 (Custom)

 

“Мора уште еднаш да потенцирам дека сум многу среќна што ќе играм на завршниот турнир во Будимпешта , посебно затоа што таков настан ќе се одржува за прв пат во женскиот ракомет. Не сум сеуште сигурна како ќе изгледа тоа, но се надевам дека ќе бидам исполнета со позитивни емоции.

Само четири екипи се дел од оваа битка за трофејот, што значи дека секој меч ќе биде многу тежок. Сигурна сум дека ние ќе го дадеме најдоброто од себе – заврши Хмирова заблагодарувајќи се за отстапениот простор.

Тоа е мојот прв БЛОГ, благодарам што го прочитавте и се надевам дека уживавте. Се гледаме во Будимпешта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top