| четврток, 6 декември 2018 |

И на „Фолк-фест Валандово“ победникот добива 20.000 евра

Македонскиот фествал на фолклорни песни го прославува 30-годишниот јубилеј. „Фолк-фест Валандово“ годинава ќе биде вистински предизвик за изведувачите.

Имено, првите три награди на фестивалот, од каде што низ годините излегоа многу фолк-хитови, годинава ќе изнесуваат 45.000 евра, исто како тие на „Скопски фестивал“ и „Макфест“.

Победникот ќе однесе 20.000 евра, второто место ќе вреди 15.000, а третото 10.000 евра.

Од годинава се враќа и стариот концепт со две полуфинални и една финална вечер.

Поради реновирање на сцената каде што традиционално се одржува, летната сцена при Домот на културата „25 Мај“ во Валандово, валандовскиот фестивал наместо во мај, ќе го има своето издание во септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top