| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се гради жичница од Водно до Капиштец

VMRO-SKOPJE-10

Од Средно Водно до Капиштец, ќе се гради жичница, најави вчера премиерот Никола Груевски на големиот митинг што се одржа во Скопје. Тој ја  претстави обемната програма со која ќе настапи на предвремените парламентарни избори, а која содржи многубројни проекти што треба да го олеснат и подобрат животот на граѓаните.

Освен жичницата, еве уште неколку од ветувањата со кои Груевски ќе ја бара довербата од граѓаните:

-зголемување на платите, субвенциите, социјалната помош

-се предвидува комплетна реформа и модернизција на инспекциските служби, а ако се обезбеди двотретинска согласност во парламентот, санкциите ќе се нивелираат според економската моќ на субјектите

-ќе се воведат електронски фактури, нови олеснувања за добивање градежна дозвола

-масовна дигитализација на катастарските планови

-намалување  на процедурите во текот на водење на судската постапка

-креирање на ИТ зона

-креирање на слободна здравствена зона

-градба на 660 станови за лица што се приматели на социјална помош и други ранливи групи

-ќе се намалат трошоците за возила што помалку загадуваат

-ќе се направи обид зазнаоѓање концесионер за градба на автопат меѓу Кичево и Гостивар и Скопје и Блаце

-обнова на возниот парк на македонски железници како товарниот така и патничкиот

-ремонти и реконструкција на пругата по Коридорот 10, со цел да се зголеми брзината и безбедноста  на движење на возовите

-целосна реконструкција и надградба на скопската  железничка станица, но и на сите поголеми железнички станици по Коридорот 10

-изградба и реконструкција на железничката делница Битола- Кременица – грчка граница, со градба на крак до Жабени

-стабилно водоснабдување на општините Гевгелија, Кавадарци, Радовиш, Кочани, Сопиште и проект за водоснбдување што ќе ги опфати сите 80 општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top