| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Грција треба да го следи примерот на Македонија

_Upload_Vesti_Nikola_poposki_201412215252

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, од Атина, каде што е на неформален состанок, изјави дека денеска најмногу се говореше околу почитување на меѓународното право, тоа е наш терен бидејќи го почитуваме дома и кон соседите и го применуваме во надворешната политика.

– Нашите домаќини послабо стојат на тоа поле, но ние сме подготвени да им помогнеме да почнат тоа што го говорат и да го применуваат. Најискрено и најотворено сметаме дека тоа е добро и за нас и за регионот и за Еропската унија, ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ што се одржа во Атина.

Објаснувајќи како можеме да ѝ помогнеме на Грција во врска со почитувањето на меѓународното право, Попоски рече дека доколку го следат нашиот пример, на најдобар начин ќе бидат апсолвирани сите прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top