Хрватската пејачка Нина Бадриќ го откажа концертот што беше закажан за 8 април во Универзална сала во Скопје.
Причината за откажување на концерот е непочитување на договорните обврски од страна на организаторот „Сан Стефан“, велат од нејзиниот менаџерски тим. Таа во своето обраќање до обожавателите потенцираше дека е присилена да го откаже своето доаѓање и дека ќе даде сѐ од себе во најскоро време да се случи долго очекуваниот концерт.
– Неизмерно се радував на толку посакуваниот концерт во Скопје, но поради непрофесионалната организација, навистина сме присилени да го откажеме нашето доаѓање. Сепак, ќе дадеме сѐ од себе во најскоро време да се случи овoj долго очекуван концерт на заедничка радост. Ве сакам – вели Нина во обраќањето до обожавателите.
Менаџерскиот тим на Нина Бадриќ упати извинување до фановите, а парите на сите купени влезници ќе бидат вратени на продажните места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


