
Германската влада го одобри предлогот на Социјалдемократската партија (СДП) која ја дели власта со конвервативците на канцеларката Ангела Меркел дека минималната сатница за работа не смее да биде помала од 8,5 евра.
– Доаѓа минималната сатница. Тоа ќе биде добра вест за сите луѓе кои многу работат, а добиваат мали плати и од нив не можат да живеат – изјави германската министерка за труди од редовите на СДП, Андреа Нахлес, додавајќи дека тоа е добар чекор за германското општество.
Ако се има предвид дела Германците во просек работат околу осум часа, тоа значи дека минималната дневница во таа земја ќе изнесува 68 евра.
Минималната дневница ќе почне да се применува од 2015 година, но со неа нема да бидат опфатени малолетниците, приправниците и стажистите. Некои работодавачи ќе можат да продолжат да ги плаќаат своите работници со помала дневница, ако имаат колективен договор. Исто така, компаниите ќе можат да им исплаќаат помали дневници на оние кои подолго време биле невработени за првите шест месеци.
Според официјалните податоци, стапката на невработеност во Германија во февруари 2014 година изнесувала 7,3 отсто и остана непроменета во однос на минатиот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


