СВР Струмица поднесе кривична пријава за Ф.С.(56) од с. Старо Балдовци, Струмичко за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службени дејства.
На 1 април, во 15.20 часот, на регионалниот пат с. Дабиле – с. Петралинци од страна на полициски службеници е забележан пријавениот како управува патничко возило без регистарски таблички и натоварено со огревни дрва, а при обид да биде контролиран истиот се дал во бегство.
По ова, полициските службеници го следеле, а истиот од возилото фрлал дрва, со што им го попречувал движењето.
Кога пристигнал во с. Старо Балдовци, се собрала поголема група граѓани за да ги спречат службените лица, по што пријавениот ги навредувал полициските службеници и со вратата од возилото повредил полициски службеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


