Европската централна банка смета дека не постои опасност од дефлација во еврозоната откако најновите податоци укажаа дека инфлацијата во државите од монетарната унија е на најниско ниво во изминатите четири години.
Според потпретседтаелот на ЕВБ Витор Констансио, инфлацијата во еврозоната во март „забавила“ на 0,5 отсто што е најниско ниво од октомври 2009 година, кога беше „пикот“ на финансиската криза.
Аналитичари веруваат дека најновите податоци зголемуваат притисок врз ЕЦБ на овонеделникот состанок дополнително да ја олеснат монетарната политика.
– Очекуваме мартовската ниска инфлација да се забрза во април – изјави Констансио, додавајќи дека дури и во Шпанија каде што цените минатиот месец се намалени за 0,2 отсто, се очекува пораст на цените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



