Вицепремиерот Зоран Ставрески на вечерашниот митинг во Радовиш истакна дека Ѓорге Иванов има јасен став за сите прашања, па и за прашањето за името, кој граѓаните може да го прочитаат во неговата програма.
– Нема да дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име на РМ, тоа е ставот на Иванов. А, што е ставот на неговиот противкандидат Стево Пендаровски, вели немам став, да направиме консензус некаков, но не кажува каков консензус и ставот не го кажувам. Пендаровски не го кажува својот став за името затоа што му е тешко, не знае што да каже. Дали да го каже ставот на Заев да се свитка кичмата или да го каже ставот на Радмила Шекеринска шест месеци да се потсвитка кичмата, тоа се разликите меѓу Заев и Шекеринска во однос на ставот за името – нагласи Ставрески.
Тој посочи дека затоа е потребно граѓаните да се држат до ставот на претседателот Иванов, кој, како што рече, е и став на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ние сакаме да станеме Европејци, но сакаме гордо да станеме Европејци, како Македонци, тоа е нашиот став – посочи вицепремиерот.
Ставрески ги повика граѓаните на 13 и 27 април да ги поддржат Иванов и ВМРО-ДПМНЕ кои имаат јасни ставови и политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


