Народната банка на Република Македонија донесе одлука за издавање ковани пари за колекционерски цели со ликот на Кирил и Методиј и со Лав од серијата хороскопски знаци.
Кованите пари со ликот на Кирил и Методиј ќе бидат во апоени од 100 денари и од 1.000 денари, додека кованата пара со Лав ќе биде во апоен од 10 денари. Со оглед на високиот квалитет што го поседуваат, издавањето на кованите пари за колекционерски цели ќе придонесе за подобро претставување на земјата на домашен и на меѓународен план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



