| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Државата пред сѐ, Македонија пред сѐ, народот пред сѐ

Gjorgji Ivanov programa 2014  (11) (Custom)

Државата пред сѐ, Македонија пред сѐ, народот пред сѐ. Овие избори нема да бидат само осма по ред победа и осма по ред доверба од граѓаните. Ќе бидат и девета. Но, во духот на изборните правила сега нема да говорам за тоа, ќе говорам за претседателските избори. Наскоро во Охрид ќе се видиме пак, заедно со караванот за предвремените парламентарните избори.

Според него, Иванов во рамките на своите ингеренции во изминатите пет години работел напорно за Македонија и граѓаните.

– Иванов вложи многу труд да ја оправда довербата на граѓаните. Вложи за да помогне на Македонија и нејзините национални интереси. Неговиот мандат не беше во лесно време, туку во време кога светот се соочуваше со економски кризи кои променија многу работи, ги сменија приоритетите на земјите. Светската криза негативно влијаеше на македонската економија. Во тие моменти Владата и претседателот Иванов имаа меѓусебна доверба и соработка која помогна во спроведувањето на политиките за пребродување во овие тешки времиња. Цврсто застана на страна на реформите на Владата, настојувајќи секогаш да помогне- рече Груевски.

Иванов знае дека на тој начин помага на народот и на Македонија. Ние имаме искуство и со друг човек на таа позиција кој тргнуваше прво од своите лични интереси, па партиските, на крај беа интересите на државата. Имаше свој човек во ДИК да му заврши работа за да биде претсед – потенцираше премиерот.

Премиерот Никола Груевски нагласи дека гласот на народот ќе ги покажува делата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде столб. Гласот на народот дава доверба на конкретни дела.

-Народот е нашата сила, народот е Македонија. Големината на Македонија е во нашите луѓе, нашиот порив и посветеност. Нашиот народ е нашата држава – рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top