Американецот Тед Лигети ја одбрани титулата во велеслалом на светското првенство во скијање во Шладминг. За извонредниот шампион, тоа е трето злато на првенството, со што го израмни рекордот на Жан-Клод Кили од 1968 година. Со време од 2 минути, 28 секунди и 92 стотинки, Тед прв ја мина целта. Со 81 стотинка послабо време до среброто доскија Австриецот Марсел Хиршер, а бронзата ја заслужи Италијанецот Манфред Мелг.
Двете велеслаломски трки ги мина и нашиот претставник Антонио Ристевски и заврши на 49. место со време 2:49,25, што е за 20,33 секунди зад победникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)
-
Сребрен медал во супервелеслалом за Бојан Трајковски на Специјалната олимпијада во Австрија
-
Хиршер го освои шестиот Кристален глобус (ВИДЕО)
-
Драма на СП: Стравотен пад на скијачот од Монако, врескал од болки (видео)


