| четврток, 6 декември 2018 |

Пресметка на кланови во Косово, убиен Лара – роднина на Насер Кељменди

lara

фото: gazetaexpress.com

Полицијата започна опсежна и интензивна истрага за инцидентот во кој се убиени две лица – еден случаен минувач, а вториот е 30- годишниот Валдет Кељменди, познат по прекарот Лара. Шестмина повредени се префрлени во болницата во Пеќ.

Како што пренесуваат медиумите, Кељменди бил мета на нападот, додека идентитетот на другото загинато лице не се соопштува. Коха диторе објави дека ЛАра е роднина на Насер Кељменди.Се работи за пресметка меѓу кланови. Масакрот се случил вчера во центарот на Пеќ, близу хотелот “Голд“ околу 17.40 часот.

Напаѓачите побегнале и го запалиле својот автомобил. Џипот “Гранд чироки“ е пронајден во пламен во едно село на околу 10 километри од Пеќ, во правец на Бараново брдо.

Неименувани извори за весникот “Експрес“ велат дека мотив е убиството е одмазда, а еден полицаец изјавил за весникот дека ова убиство има врска со случајот од пред неколку месеци кога е убиен Џек Кељменди и Кастриот Кукај.

Мотивот за злосторството не е познат, а полицијата презеде голема акција за да ги пронајде сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top