| четврток, 6 декември 2018 |

Триесетдневен притвор за началникот и инпекторот во Чаир, третиот оди в затвор

policija-akcija-cair-564x272

Триесетдневен притвор заработија началникот и еден од инспекторите кои во средата вечер беа уапсени во скопски Чаир. Другиот инспектор се договорил да го признае делото во замена за две години затвор. ОТие беа уапсени за земање мито од 2 илјади евра.

Еден од инспекторите, откако бил соочен со деталите кои полицијата денови наназад ги собирале против митаџиите се договорил со Обвинителството. Спогодбено ја прифатил понудата на обвинителот и случајот воопшто нема да оди на суд, а тој ќе треба да одлежи 2 години затвор, но ќе добие и отказно решение од МВР. Ваква можност на обвинителството му даваат новите измени во Законот за кривична постапка.

За разлика од него, началникот од крвни деликти и другиот инспектор не прифатиле договор со обвинителот, па ним им беше одреден по 30 дена притвор, а за тоа дали и каква казна ќе добијат, ќе одлучува судот во редовна кривична постапка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top